Skip to main content
Македонија

Сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

19/06/2025  07:33

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што информираат од УХМР, во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.