Skip to main content
Свет

Македонец прегазен од камион тежок 15,3 тони во Германија 

19/06/2025  00:36

31-годишен државјанин на Северна Македонија се здобил со тешки телесни повреди откако бил приклештен помеѓу бетонски ѕид и градежна машина – радладер тежок 15,3 тони – во една работна несреќа во Австрија.

Полициските службеници по пристигнувањето на местото на настанот затекнале тешко повреден работник. На лице место му била укажана итна медицинска помош, а потоа бил транспортирaн со хеликоптерот „Мартин 3“ во Ургентната болница во Линц.

Надлежните органи ја истражуваат причината за несреќата, а засега нема информации дали се работи за човечка грешка, технички дефект или пропуст во процедурите за безбедност при работа.