
Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува денеска, среда, 28 октомври. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе се засилува. Дневната температура ќе достигне околу 14 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време, со услови за утринска магла во одделни котлини. Од петок и во текот на викендот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, најавуваат од УХМР.

