Skip to main content
Магазин

Сок што прави чуда: Компир, морков и јаболко 

07/04/2025  23:04

Само три состојки – компир, морков и јаболко – се доволни за да направите моќен природен пијалок кој го зајакнува телото и помага во превенција од многу здравствени проблеми.

Потребни состојки:

  • 1 компир
  • 1 морков
  • 1 јаболко

Измијте ги темелно состојките (не ги лупете), исечете ги на парчиња и ставете ги во соковник. Доколку сакате посвеж вкус, додадете неколку капки лимон. Сокот испијте го веднаш по подготовката.

Најдобро е да се консумира наутро на празен стомак или еден час по појадокот. За максимален ефект, пијте го двапати дневно – наутро и пред 17 часот.

Овој природен пијалок е корисен за:

  1. Спречување развој на канцерогени клетки
  2. Јакнење на белите дробови и превенција од срцев удар
  3. Подобрување на имунолошкиот систем
  4. Подобрување на видот и елиминирање на замор и сувост во очите
  5. Намалување на мускулна болка по физичка активност
  6. Детоксикација и олеснување на варењето
  7. Елиминирање на лош здив и помош при инфекции на грлото
  8. Намалување на менструални болки

Сокот нема нус појави, многу е хранлив и помага и при слабеење. Веќе по две недели редовна употреба, ќе почувствувате разлика во енергијата и отпорноста на организмот.