
Денеска во 16 часот во Сала „Македонија“ ќе се одржи 110-тата седница на Собрание на Република Северна Македонија, на која на дневен ред е и предложениот Изборен законик.
Седницата е закажана од собраниските служби денеска во 15 часот, а очекувањата се дека расправата за измените на Изборниот законик ќе предизвика жестока политичка дебата.
Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека СДСМ ќе го блокира предложениот Изборен законик, оценувајќи дека тој содржи сериозни решенија кои, според партијата, не се ниту европски ниту демократски.
Филипче истакна дека предложените измени отвораат простор за злоупотреба на изборниот процес и најави дека опозициската партија ќе ги искористи сите демократски механизми за да го спречи неговото усвојување.
Се очекува денешната собраниска седница да биде проследена со интензивна дебата меѓу власта и опозицијата околу предложените измени на изборните правила.

