Skip to main content
Хроника

Со туѓа картичка подигнала 52.000 денари, кривична за жена од Македонска Каменица

07/08/2025  14:47

СВР Штип поднесе кривична пријава против Г.Т.(41) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Во периодот од 09.06.2025 до 30.06.2025, пријавената во шест наврати неовластено навлегла во електронски систем на банка и со картичка на лице од село во општина Зрновци, од банкомат во истото село подигнала вкупно 52.000 денари, кои противправно ги присвоила.