Skip to main content
Магазин

Со помош на ДНК, научниците оживеаa волк од леденото доба, вид исчезнат пред 12.000 години

08/04/2025  11:24

Вид на волк што исчезнал пред 12.500 години е оживеан во лабораторија, објави биотехнолошката компанија „Колосал бајосаенсис“ од Далас.

Таканаречените страшни волци со години се инспирација за игрите како ‘Dungeons & Dragons’ и ‘World of Warcraft’ или серии како што е „Игра на тронови“. Ова животно досега живееше како митки симбол во имагинацијата, но тоа се менува.

Компанијата со седиште во Далас досега има произведено три легла страшни волци, вклучително и две машки младенчиња – Ромулус и Ремо – и една женка по име Калиси.

„Не би можел да бидам повеќе горд на нашиот тим. Ова е првиот од многуте докази дека нашата технологија за де-изумирање навистина функционира“, рече основачот и извршен директор на компанијата, Бен Лам.

Нивната крајна цел е да го вратат волнениот мамут.

Процесот на деизумирање на страшниот волк започна со анализа на ДНК од два фосили – заб стар илјадници години пронајден во Охајо и 72.000 години стара коска од Ајдахо. Со помош на иновативен метод на итеративно склопување на геномот, научниците го добија најкомплетниот геном на волкот досега.

Анализата покажа дека страшниот волк дели дури 99,5 отсто ДНК со сивиот волк. Сепак, откриени се и специјални изумрени генетски варијанти поврзани со посилни коски и мускули, подесени сетила и густо бело крзно – совршено за леденото доба.

Врз основа на ова, беа направени 20 насочени прецизни промени на 14 гени. Инженерските клетки на сивиот волк потоа беа тестирани повеќе пати, а најуспешните беа клонирани и имплантирани во јајце клетки. Ембрионите биле носени преку сурогат мајки од други видови – и на тој начин се родил страшниот волк.

„Истите овие технологии можат да помогнат да се спасат многу загрозени видови ширум светот“, вели д-р Кристофер Мејсон, советник во Колосал.

„Ова е огромен чекор напред во областа на генетскиот инженеринг и одличен пример за тоа како биотехнологијата може да го зачува – и обнови – животот.

Ново-старите жители на планетата сега живеат на ограден еколошки резерват од над 800 хектари. Целата област е обезбедена со висока ограда и современи безбедносни системи, а волците се надгледуваат со помош на камери, дронови и чувари.

Резерватот им обезбедува трајна грижа, храна и заштита, а во иднина се планира нивно дислоцирање во уште поголеми природни простори.

Тие биле поголеми и посилни од сивиот волк, а омилен плен им биле бизоните и коњите.