Skip to main content
Хроника

Со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата, приведен 52-годишен маж

18/08/2026  14:47

На 17.08.2026 во 22:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода З.Б.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот со остар предмет се заканувал на неговата 45-годишна сопруга.

Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.