Skip to main content
Хроника

Со мотор влечено дете по улица во Драчево

26/05/2026  14:34


На 25.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје Б.С.(71) од Скопје пријави дека неговиот 12-годишен внук, додека се движел по улица на подрачјето на Драчево, му се приближил мотор управуван од едно лице, на кој сопатник бил А.Х.(18) од Скопје, кого го познавал.

Потоа А.Х. го фатил детето за рака, а возачот на моторот продолжил да вози, по што тоа паднало и било влечено по улицата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.