
Непознато лице со бензин испрскало две возила во населбата Долно Којнаре во Куманово, а откако не успеало да ги запали избегало.
– На 13.09.2025 во 04:32 часот во СВР Куманово, Г.Ѓ. пријавил дека во неговото дворно место во с.Долно Којнаре, кумановско, едно лице со бензин ги испрскало возилата „јагуар” и „ауди” со намера да ги запали, но откако реагирал побегнало и не успеало во намерата, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување и документирање на случајот.