Земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала го погоди во вторникот Порт Вила, главниот град на Вануату, при што беа оштетени згради и автомобили, а најмалку едно лице загина.
Според Геолошкиот институт на Соединетите Американски Држави (USGS), земјотресот се случил во 12:47 часот по локално време, на длабочина од 57 километри.
Полицијата соопшти дека најмалку едно лице загинало, а повредените се пренесени во болница. Се стравува дека има луѓе заробени во урнатините.
Објавени се првите слики од ужасниот земјотрес, а репортерот на Проектот за организиран криминал и корупција со седиште во Вануату, Ден Мекгари, рече: „Тоа беше најлошиот земјотрес што сум го доживеал во моите 21 година живеејќи во Вануату и Пацифичките острови. Видов многу големи земјотреси, но никогаш вака“.
Се појави и видео кое го прикажува моментот кога започна разорниот земјотрес:
CCTV footage of 7.4 Earthquake in Port Vila, Vanuatu
December 17, 2024 #earthquake #Vanuatu #terremoto #sismo pic.twitter.com/0MJWyhepga— Disasters Daily (@DisastersAndI) December 17, 2024