Skip to main content
Балкан

Снег вее од утрово во Србија и Црна Гора

16/05/2025  11:24

На Копаоник од утрово врне слаб снег, а според податоците на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во седум часот температурата на оваа планина била нула степени.

Лапавица има и во Сјеница, додека на Златибор утрово се измерени два степени, а на Црн Врв три.

Планинскиот превој Јабука, на надморска височина од 1.250 метри, утрово осамна под снежна покривка.

„Бевме изненадени од овој снег, а уште поизненадувачки е што сè побеле како во јануари. Паѓаат големи снегулки, како среде зима“, вели жител на Јабука.

Поради ниските температури и снегот што паѓа во ова погранично село од раните утрински часови, на возачите кои се наоѓаат на овој планински превој им се препорачува да бидат дополнително внимателни, особено поради можноста за појава на мраз.

На другите места во Србија температурата е под 10 степени, освен во Заечар, Неготин и Димитровград, каде што се измерени 11 степени.

Во мај, снег падна и во Жабљак, има и во Мојковац, додека во другите делови на Црна Гора е значително постудено со врнежи од дожд.