Skip to main content
Балкан

Снег ја зафати Србија

06/04/2025  10:34

Во текот на ноќта, западна Србија беше зафатена од обилни врнежи од дожд кои преминаа во лапавица и снег, а нова снежна покривка се формираше на повисоките места и дури и во некои урбани зони, јавува агенцијата Рина.

Снег падна во Ужице, на планините Златибор, Златар, Голија и Тара, како и во подрачјето на општини Топола и Краљево. Изненадувачки, снежни врнежи беа забележани и во Белград рано утринава.

Во регионот на Ужице снежната покривка достигнува околу пет сантиметри на повисоките предели, а иако на патиштата нема снег, видливоста е значително намалена, известува РТС.

Снегот предизвика и одредени проблеми – кај Пријепоље, на релацијата Ивања – Сопотница се случил голем одрон, поради што сообраќајот се одвивал отежнато.

Метеоролозите најавуваат стабилизација на времето во наредните денови, но апелираат на внимателност при возење низ овие региони.