Skip to main content
Хроника

Словенка со туѓа картичка направила 47 интернет-трансакции од речиси 100 илјади денари

13/08/2026  16:24

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Г.(52) од Словенија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Пријавената, во периодот од 23.10.2025 до 27.10.2025, неовластено искористила банкарска картица, во сопственост на друго лице, односно со неа направила 47 трансакции преку интернет апликација во вкупен износ од 99.751 денари.