Skip to main content
Балкан

Словенија погодена од невреме

27/05/2026  21:06

Словенија денеска е погодена од невреме со силен ветер и дожд. Ветерот носеше кровови од комерцијални и станбени згради, а беа соборени и неколку дрвја. На некои места падна и град со големина на орев, кој дополнително ги оштети покривите.

Словенечката управа за заштита и спасување соопшти дека ситуацијата е најлоша во подрачјето на Марибор.

На аеродромот во близина на Љубљана ветерот достигна брзина од 85 километри на час.

Според метеоролозите можни се поројни дождови и грмотевици.