Skip to main content
Спорт

Словенецот Винчиќ ќе го суди финалето

17/07/2026  17:26

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави денеска дека Словенецот Славко Винчиќ ќе биде главен судија на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина.

Неделното финале ќе биде четврти натпревар на овогодишното Светско првенство за словенечкиот арбитер кој ги судеше дуелите од групната фаза меѓу Бразил и Мароко (1-1) и Јордан – Алжир (1-2), а беше главен судија и во шеснаесетфиналето меѓу Мексико и Еквадор (2-0).

Винчиќ дебитираше на мундијалските турнири во Катар во 2022 година, кога судеше два натпревари.

Винчиќ, кој е судија со знакот на ФИФА од 2010 година, го судеше и финалето во Лигата на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд на лондонски „Вембли“ во 2024 година.

Негови помошници на мундијалското финале кое ќе се игра в недела со почеток во 21 часот ќе му бидат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, а за четврти судија е назначен Јорданецот Адам Махадмех.