Skip to main content
Македонија

Следуваат продор на нов ладен воздух од северозапад и нови врнежи од дожд

01/11/2025  22:03

Под влијание на влажен и поладен воздушен бран кој од северозапад преку Алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент, во понеделник попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник и во вторник (4 ноември) во нашата Македонија ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места и локално врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Поради падот на температурите на највисоките планински места особено на планините Пелистер, Шар Планина, Кораб и на Солунска Глава ќе има и провејување на снег.