Skip to main content
Македонија

Следува период на топло време

01/03/2026  14:55

Следува период на стабилно и суво време под влијание на висок воздушен притисок. Во четврток ќе има слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.

Утринските температури ќе бидат ниски, а преку ден ќе бидат до 20 степени.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени.