Skip to main content
Македонија

Следува многу променливо време со невообичаено ниски температури за мај!

11/05/2025  08:03

Метео анализа на Славчо Попоски:

Пред нас е долг период на многу променливо време, со честа појава на повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Во исто време, се повеќе ќе потпаѓаме под влијание на поладен воздух од север  и од североисток, па така температурите ќе опаѓаат  и ќе бидат значително потпросечни за месец мај.

Не се исклучува можноста на високите планини (над 2000 метри надморска височина) повремено да има и појава на снег.

И во Скопскиот регион не очекува сосема слично време како и во другите предели од нашата Република Македонија.

Многу повеќе околу ова можете да погледнете во денешното мое најново метео видео кое ќе биде објавено на мојот официјален фејсбук и инстаграм профил, како и на мојата официјална фан фејсбук страница кој веќе многу добро ви се познати.