Skip to main content
Магазин

Слаткар со емотивна објава: Од скршен вентилатор и метла до нов албум и Малдиви

09/04/2025  22:27

Марко Маринковиќ – Слаткар сподели емотивна објава на своите социјални мрежи, присетувајќи се на времето кога го градел својот музички пат без средства, но со многу страст и надеж.

„Ова сум јас, крај на месец јули, 2005-та. Сите другари ни се во Охрид на одмор, а јас и Диџеј Че сме заглавени во Скопје и снимаме песни на импровизирана опрема во Ново Лисиче“, напиша тој, опишувајќи како микрофонот го држел скршен вентилатор и шипка од метла.

Иако немале пари за вентилатор или одмор, вели дека имале нешто поважно – песна по песна, соништата за музичка кариера и непоколеблива љубов кон уметноста.

„Сè уште снимам со истиот интензитет и сè уште сум возбуден како мало дете кога одам накај студио“, додава Слаткар, најавувајќи го својот нов албум кој ќе излезе на 25 мај.

И за крај – мала доза на хумор и гордост: „Оваа година во јули се мислам дали да идам на Малдиви или на Бахами. Живели“.