
Слаб снег провејува на патните правци Гостивар, Маврово, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. И покрај снегот, сообраќајот тече без застој.
Сообраќајот на државните патишта попладнево се одвива непречено и по претежно суви коловози, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Од претпријатието потсетуваат дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и се грижат сите патни правци да останат проодни.

