Skip to main content
Македонија

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

20/01/2026  22:46

Родителите на судијата Ѓоко Ристов, во чија семејна куќа во Неготино беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид во кујната, тврдат дека парите им припаѓаат ним, а не на нивниот син.

Ова го соопшти адвокатот на одбраната, Звонко Давидовиќ, кој информираше дека ќе биде поднесена жалба на одлуката на судијата во претходна постапка, со која на Ристов му се изречени мерки за обезбедување – куќен притвор, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова.

Давидовиќ се осврна и на делот од обвинението во кое судијата Ристов се товари за непријавување стекнат имот. Според него, во законската одредба што ја регулира оваа материја „постои двојба“, односно судот и судиите не се јасно опфатени во категориите лица кои имаат обврска за пријавување на имот.

Одбраната најавува дека во наредниот период ќе ги искористи сите законски можности за оспорување на донесените мерки, додека истрагата за потеклото на пронајдените пари продолжува.