Skip to main content
Македонија

Царина и МВР пример за ефикасно заедничко делување на Западен Балкан и пошироко

26/03/2026  12:18

Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро владеење преку спроведување на мерки за гранична контрола на пристаништа и аеродроми во Југоисточна Европа. На оваа тема се дискутираше на состанокот на директорот Бобан Николовски и помошник директорот на Одделот за гранични работи и миграции при МВР, Ивона Стефановска, заедно со регионалниот координатор при Канцеларијата на ОН за дрога и криминал, Батир Гелдиев.