Skip to main content
Скопје

Светски врв по загадување – Останете дома, воздухот е опасен

03/01/2025  21:30

Вечерва нашиот главен град Скопје, се искачи на рекордно прво место по загаденост на воздухот во светот!

MK Summit

Моменталните податоци кои се достапни на јавноста покажуваат дека индексот на загаденост на воздухот е 263, што не става на врвот на листата, а веднаш по нас се Монголија и Пакистан…

Ова го прави воздухот опасен по живот и апелираме на сите граѓани доколку немаат неодложна потреба да не излегуваат надвор и да не престојуваат подолго време на отворен простор.