Skip to main content
Скопје

Скопје повторно меѓу најзагадените градови во светот – Ново Лисиче со најголем индекс на загаденост

16/11/2025  20:47

Скопје денес повторно се наоѓа и се искачува на неславната листа на најзагадени градови во светот – според податоците на IQAir каде главниот град на Македонија е рангиран како 19‑ти најзагаден град во светот.

Во Скопје вечерва регистрирани се екстремно високи концентрации на штетни честички на повеќе локации во градот и околината. Податоците покажуваат дека воздухот во неколку клучни реони е во опасната зона, што сериозно го загрозува здравјето на граѓаните.

Според последните мерења, Ново Лисиче е најкритично со индекс на квалитет на воздухот (AQI) 166, што се категоризира како „нездраво“. Следуваат:

Центар (околу Рамстор и Плоштад) – AQI 153

Железара – AQI 152

Козле/Карпош – AQI 135

Овие вредности далеку ги надминуваат препораките на СЗО и укажуваат на висока концентрација на ситни штетни честички како PM₁₀ и PM₂.₅, кои најлесно навлегуваат во белите дробови и крвотокот.

Здравствени препораки за граѓаните

Поради сериозната состојба, експертите и здравствените институции ги повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни:

Избегнување активности на отворено, особено во утринските и вечерните часови.

Чувствителните групи – деца, бремени жени, постари и лица со хронични заболувања – да останат во затворени простории.

Користење заштитни маски тип N95 при задолжително излегување.

Проветрување само во периоди кога има пад на концентрациите.

Иако ситуацијата е критична, надлежните институции сè уште немаат прогласено вонредни мерки.

Скопјани и вечерва ќе дишат тежок и опасен воздух, а останува да се види дали градските и државните власти ќе воведат мерки за намалување на загадувањето.