
Од 16 до 18 мај 2025, Скопје и Република С.Македонија за првпат ќе бидат домаќини на еден од најпрестижните европски иновациски настани – CASSINI Hackathon, кој ќе се одржи во ИТ хабот Netaville, под покровителство на Европската комисија и EUSPA (Агенција на ЕУ за вселенска програма).

Овој хакатон, кој паралелно се одвива во 10 европски држави, е посветен на темата „Вселената за здравството”, каде што учесниците ќе работат на иновативни решенија со користење на сателитски податоци за подобрување на:
- Следење и реакција при болести и здравствени ризици;
- Подобрување на итните медицински услуги;
- Унапредување на менталното здравје и благосостојба;
Настанот ќе ја обедини технолошката, здравствената, академската и стартап заедницата, со учество на студенти, експерти, претприемачи и ентузијасти, и е поддржан од бројни национални и меѓународни организации.