Skip to main content
Македонија

Скопје денеска на петто место по загаденост во светот

16/12/2025  14:50

Скопје денеска е мешу најзагадените градови во светот покажуваат официјалните мерења квалитетот на амбиенталниот воздух.

Според  IQAir денеска во 14.45 часот Скопје се наоѓа на петтото место по загаденост а на кратко беше и меѓу првите три.

Позагадени градови од Скопје денеска се Лахоре во Пакистан, Сараево во БиХ, Колкута и Њу Делхи во Индија.

Листата на топ 10 најзагадени градови ја заокружуваат градови од Кина и Пакистан, што значи дека Скопје по Сараево е најзагаден европски град денеска.