Утрово Скопје изби на втората позиција како најзагаден град, но состојбата со амбиенталниот воздух е сериозно влошена и во други македонски градови.
Попладнево концентрацијата на ПМ честички во Скопје, Битола, Тетово, Кичево, Струмица е далеку над максимално пропишаната граница.
Тоа го прави воздухот прилично опасен за здравјето на граѓаните, особено за децата и за лицата со хронични белодробни заболувања.
Како последица од загадениот воздух живтот го губат околу 3800 лица во Македонија секоја година.