Skip to main content
Хроника

Скопјанка физички нападната од својот син, случајот пријавен во полиција

27/08/2025  13:56

Вчера, 55-годишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната од нејзиниот син во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар.

Според информациите од полицискиот билтен, инцидентот се случил на 26 август 2025 година, околу 11:00 часот, кога жената била нападната од нејзиниот син И.З. (29) од Скопје.

Нападнатата жена истиот ден, околу 19:50 часот, го пријавила случајот во СВР Скопје.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.