Skip to main content
Македонија

Левица: Кандидатурата на Амар Мециновиќ ја втурна ДПМНЕ во паника

27/08/2025  13:58

Само неколку дена по кандидатурата на Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје, ВМРО-ДПМНЕ сфати дека освојувањето на главниот град нема да биде така лесно. Наместо со идеи и програма, побрзаа со обвинувања дека Левица наводно влегла во политички договор со СДСМ и ДУИ за да се обезбеди втор круг.

Патетично претставуваниот „лав” излезе дека е само мало маче, немоќно да се соочи со вистински политички предизвик. А на избори, токму Амар ќе им покаже колку е тенка нивната лага и колку лесно нивниот „лав” се претвора во маче пред граѓаните на Скопје. Амар ќе биде обединувачката сила  која ќе ги сплоти сите чесни и слободоумни луѓе на кои им е преку глава од 30-годишните деструктивни и ограбувачки политики на ДПМНЕ, СДС, ДУИ и ВРЕДИ.