
58-годишен жител на Скопје вчера е уапсен откако негов 14 години помлад сограѓанин го пријавил дека го нападнал во Центар и му го оштетил автомобилот, соопшти МВР.
„На 07.05.2025 во 18:15 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Н.(58) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:50 часот на подрачјето на Центар во Скопје му се заканувал на И.И.(44) од Скопје и со употреба на физичка сила му го оштетил возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.