Skip to main content
Хроника

Скопјанец се заканувал на вработена во Основниот кривичен суд

27/08/2025  15:34

Скопјанец се заканувал на вработена во Основниот кривичен суд пред два дена, а таа вчера го пријавила.

Според полицискиот билтен, на 26.08.2025 во 11 часот во СВР Скопје, Ж.Б.(45) од Скопје пријавила дека на 25.08.2025 околу 10 часот, додека била на нејзиното работно место во Основен кривичен суд Скопје, Л.А. и упатувал закани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.