Skip to main content
Хроника

Скопјанец почина во „Градска“, веројатно бил претепан

13/09/2025  14:59

61-годишен скопјанец почина во Градската болница откако бил хоспитализиран со повреди, веројатно по физички напад.

– На 12.09.2025 во 20:00 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека во 18:00 часот кај нив на интензивна нега починал пациентот Џ.Б.(61) од Скопје. Според пријавеното, лицето претходно е донесено кај нив со повреди најверојатно од физички напад, информираа од полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот.