
Ноќеска во 02:50 часот во СВР Скопје е пријвено дека во семејниот дом на подрачјето на Шуто Оризари, 39-годишна жена била нападната со остар предмет од нејзиниот вонбрачен партнер Д.М.(53) од Скопје додека спиела, при што се здобила со повреди.
Таа е пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување и документирање на случајот.