Skip to main content
Хроника

Скопјанец искршил два автомобила, ѝ извадил нож на млада сосетка, па го однеле во болница

26/03/2025  17:33

Тежок инцидент се случил вчера во скопската населба Ѓорче Петров, кога 36-годишен скопјанец ѝ се заканувал со нож на сосетка, по што искршил стакла на два автомобила и прозорци од куќа. Тој потоа бил пренесен во здравствена установа, соопшти МВР.

„На 25.03.2025 во 16:30 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ј.(36) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 14:40 часот со остар предмет ѝ се заканувал на неговата сосетка А.С.(26) од Скопје, ги скршил предните ветробрански стакла на нејзиното и уште едно возило, а со тврд предмет скршил прозорци на соседната куќа. Лицето било пренесено во здравствена установа и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата