Skip to main content
Македонија

Шар Планина и Пелистер добиваат нови Инфо Центри

26/03/2025  17:53

Првиот заменик претседател на владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес оствари работна средба со директорите на националните паркови Шар Планина, Емир Хусеини и на Пелистер, Иванчо Тошевски.

Меџити разговараше со првите луѓе на Шара и Пелистер за инвестиционите планови на министерството, како што е изградбата на нови објекти – инфо центри за потребите на јавните установи, национални паркови Шар Планина и Пелистер, кои ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди и ќе служат за промоција на овие национални паркови, како и за едукација на заинтересираните страни.

Меџити на состанокот информира дека за да се реализира овој проект Шар Планина и Пелистер треба да предложат локации, потребните документи како и дозвола за градба како би можело да се опточне процедурата за тендерска набавка и надзор на градба.

Согласно годишната програма за природа за 2025 година како и Планот за јавни набавки за 2025-та, набавката на инфо центрите – брвнарите во Шар Планина и Пелистер достигнуваат сума од 7.023.305,00 денари.

За поддршка на националните паркови МЖСПП преку програмата за инвестиции ги поддржува активностите на сите четири национални паркови во висина од 20.000.000,00 денари, и тоа грант за Шар Палнина во висина од 6.000.000,00 денари, грант за ЈУ НП Маврово во висина од 6.000.000,00 денари, грант за ЈУ НП Галичица во висина од 4.000.000,00 денари, и грант за ЈУ НП Пелистер во висина од 4.000.000,00 денари.