Search

СЈО го истражува случајот А1

СЈО ја бара сметководствената и деловната документација за наведените деловни односи меѓу телевизијата и Владата и меѓу телевизијата и правните лица.

Специјалното јавно обвинителство испратило барање за податоци до стечајниот управник на затворената А1 телевизија, кави А1 он.

На социјалните мрежи кружи документ со кој СЈО, како што се наведува, за службени потреби бара од стечајниот управник да им достави термински и медиа планови за набавка на услуги – купување на термини за емитување спотови, кампањи, соопштенија и други видео записи каде како нарачател се јавува Владата или друго правно лице, а за потребите на Владата.

СЈО ја бара целоупната сметководствена и деловна документација за наведените деловни односи меѓу телевизијата и Владата и меѓу телевизијата и правните лица.

Во документот се наведува дека бараните податоци се однесуваат на периодот од 2008 до 2015 година. 

 

Треба да знаете
Последни објави