Skip to main content
Свет

Сирени повторно се огласија во Израел, додека Иран продолжува со ракетните напади

20/06/2025  08:04

Иран ги продолжи своите ракетни напади врз Израел, соопшти израелската војска, а сирените за предупредување повторно се огласија рано утрово во јужниот дел од земјата.

Системите за воздушна одбрана беа активирани, а кратко потоа, Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека жителите можат да ги напуштат своите засолништа.

-Силите за пребарување и спасување на ИДФ дејствуваат на локација каде што е примена пријава за паднат проектил, соопшти војската на Телеграм.

Претходно, ИДФ објави дека нивната воздушна одбрана успешно пресретнала серија напади со дронови што ги започна Иран.