
Синдикатот на естрадни уметници и изведувачи го осуди инцидентот на концертот на Ана Бекута за време на православната нова година каде поединци со мразулци и снежни топки го попречувале нормалното одвивање на концертот во Чачак.
„Остро ја осудуваме реториката на поединци што го придружуваше овој непријатен настан и изјавите на поединци дека г-ѓа Бекута е дел од корупциски скандал. Нагласуваме дека естрадните уметници и изведувачи одржуваат концерти само на барање на публиката и ги оценуваме ваквите напади како злонамерни и недозволиви“, се вели во соопштението.
Се додава дека мразулците и топките испратени до Бекута и оркестарот имале за цел не само да го прекинат концертот, туку и да им нанесат повреди на изведувачите на сцената, што, како што се наведува, „оди подалеку од изрази на незадоволство поради потрошените пари од градскиот буџет и има посериозна квалификација“.
Во соопштението го прашуваат министерот за полиција, како и началникот на полицијата на градот Чачак и градоначалникот зошто присутните полицајци не реагирале веднаш, туку дури по повикот на Бекута и по дождот од мразулци фрлени кон сцената.
