Skip to main content
Хроника

Син го пријавил таткото дека пукал со пиштол во два по полноќ

14/04/2025  13:08

Пензионер бил пријавен од страна на неговиот син дека пукал со пиштол, информираат од Тетовската полиција. Синоќа во 01.55 часот на улица „116“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.С.(91) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговиот син Л.С.(66) од Тетово дека пукал со огнено оружје.

Според полицискиот билтен, тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и на местото бил пронајден пиштол „Црвена Застава“ калибар 7.65мм и една рамка со 6 неиспукани куршуми, сопственост на Р.С. кој го поседувал со дозвола, една испукана чаура и еден проектил од испукан куршум.