Skip to main content
Свет

Силни врнежи предизвикаа поплави на Сицилија

03/02/2025  10:08

Интензивни врнежи од дожд за само четири часа предизвикаа поплави на италијанскиот остров Сицилија, при што улиците беа блокирани, а водата носеше автомобили во околината на градот Месина.

Количината на дожд што падна во краток временски период одговара на целата месечна норма за овој регион, што доведе до свлечишта и излевање на водата во урбаните области.

Италијанската противпожарна служба соопшти дека пожарникарите интервенирале на повеќе од 100 локации, користејќи гумени чамци за евакуација на загрозените граѓани.

Благодарение на навремените предупредувања за невремето, во засегнатите региони нема повредени лица, соопшти Цивилната заштита.

Лошото време го зафати и регионот Калабрија на југот на Италија, каде што градоначалникот на Катанѕаро, Никола Фиорита, ги повика граѓаните да останат во своите домови.