Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес вечерва го вознемири јадранскиот регион

18/12/2025  01:00

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 23:07 часот во Јадранското Море.

Потресот силно се почувствувал во поширокото подрачје на Дубровничко-неретванската жупанија, како и во делови од соседна Херцеговина, јавуваат граѓани.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од околу 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.