Skip to main content
Свет

Силен земјотрес ја стресе Јапонија

18/04/2025  16:50

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди префектурата Нагано во централна Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот ги погоди северните и централните делови на префектурата во 20 часот и 19 минути по локално време и се случи на длабочина од околу 10 километри, соопшти Метеоролошката агенција.

Земјотресот најмногу го почувствувале градот Омачи и околните села.