Skip to main content
Свет

Силен земјотрес ја стресе Италија

13/05/2025  12:58

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник на 13 мај 2025 година во 12:07 часот во јужна Италија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 14 километри од Неапол, според податоците на ЕМСЦ.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 2,6 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.