
Околу 6.50 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Берово-Виница, кај с. Будинарци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко и товарно возило.

-Две лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, информира МВР.

Извршен е увид, а во 9.40 часот сообраќајот е пуштен во двата правца.
