Skip to main content
Балкан

Силен земјотрес ја стресе Грција

30/09/2026  09:50

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во Грција утрово во 07:21 часот.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал недалеку од Атина.

Податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар укажуваат дека хипоцентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно 4 километри под површината.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени лица, а надлежните служби ја следат ситуацијата. објавува Журнал.мк