Skip to main content

Унгарскиот претседател Бака се осврна на идеалите и историското значење на револуцијата во 1956 година. За него, седум децении потоа, европската демократија и солидарност повторно се исправени пред голем предизвик. Тој повика на меѓусебна почит, одговорност и разбирање.

Вон дер Лајен и Кошта го потенцираа европското единство, ги поздравија демократскиот напредок и реформите во Унгарија и ги нагласија придобивките коишто земјата ги стекнала со членството во ЕУ изминативе 22 години.

Со едноминутно молчење, присутните оддадоа почит кон жртвите на револуцијата. На свечената седница беше прикажан и документарен филм.

За Сиљановска-Давкова Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ. Според неа, чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа.

„Убаво е да се чујат највисоките претставници на ЕУ, кога велат дека Унгарската револуција има голем придонес во изградбата на демократијата, дека вреди да се бориме сите за Европа, како наш заеднички дом”, изјави претседателката.

Централниот комеморативен собир се одржа на плоштадот „Лајош Кошут”.

Сиљановска-Давкова присуствуваше на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.