Skip to main content
Свет

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“

15/10/2026  15:20

Американската војска, доколку претседателот Доналд Трамп нареди продолжување на конфликтот, има изготвено планови за напади врз иранската енергетска инфраструктура и нуклеарните постројки, планови што би можеле да вклучуваат употреба на бомбата ГБУ-43/Б, позната како „Мајката на сите бомби“, јави Си-ен-ен.

Евентуалната употреба на најголемата ненуклеарна бомба во американскиот арсенал би претставувала значителна ескалација на конфликтот.

Според неименувани официјални лица, постојат дилеми за нејзината ефикасност во остварувањето на стратешките цели поставени од Вашингтон.