Skip to main content
Свет

Си Џинпинг ќе ја посети Русија од 7 до 10 мај и ќе присуствува на чествувањата по повод Денот на победата

04/05/2025  11:58

Кинескиот претседател Си Џинпинг од 7 до 10 мај ќе престојува во официјална посета на Русија и на 9 мај ќе присуствува на чествувањата по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија во Втората светска војна, пренесуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение од Кремљ.

Кремљ на Телеграм објави дека Си ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за развојот на стратешкото партнерство меѓу двете земји и ќе потпише голем број документи.

„За време на разговорите ќе бидат разгледани главните прашања за понатамошен развој на односите на сеопфатното партнерство и стратешката соработка, како и за актуелните прашања од меѓународната и регионалната агенда“, се додава во текстот.

Се очекува уште неколку други светски лидери да присуствуваат на чествувањата на Црвениот плоштад во Москва по повод Денот на победата над фашизмот.