Skip to main content
Македонија

Бајрами спроведен во затворот во Шутка

09/09/2026  09:38

Откако им се предаде на македонските власти екс директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами е спроведен во КПУ Скопје.

Информацијата ја потврди Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (09.09.2026) во 05:35 часот на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр.XVII KO бр.4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено поправната установа Затвор Скопје“ велат од МВР.